Младите репрезентативци на Англија избегнаа најголем срам во историјата, во последните моменти од натпреварот против аутсајдерот Андора.
Во квалификацискиот натпревар за ЕП до 21 година, Англија долго време беше на работ на шокантен пораз, но на крајот успеа да избегне целосен дебакл и да освои барем бод (1-1).
Иако влегоа во натпреварот како апсолутни фаворити, Англичаните одиграа еден од најслабите натпревари во последно време.
Без идеи, енергија и конкретни можности, не беа во можност сериозно да се заканат до крајот на натпреварот, што е доволно докажано со фактот дека долго време беа без шут кон голот.
Казната за таков пристап дојде во второто полувреме, кога Андора ги шокираше фаворитите и поведе со голот на Херардо Сола Гарсија, што се чинеше дека е сензација на повидок.
Англија беше на работ на историски пораз против една од најслабите европски селекции, но во самиот финиш добија помош. Во 90. минута беше досуден пенал по прекршок врз Џоб Белингам, а Рико Луис беше сигурен стрелец за конечни 1-1.
Така, Англичаните го избегнаа најтешкиот пораз во историјата на оваа селекција.
Англија е составена од талентирани играчи од најголемите светски тимови. Младиот Белингам игра за Борусија Дортмунд, Луис-Скели во Арсенал, напаѓачот Луис е играч на Манчестер Сити, итн…
Ова е прв неуспех за Англичаните по пет победи во квалификациите. Сè уште се на првото место во групата Д со 16 бода, исто колку и Словачка. Ирска има осум, Андора седум, а Молдавија пет бода. На дното од групата е Казахстан со четири бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

