Синер повторно го надигра Зверев – Му се насмевнува „Саншајн дабл“ (ВИДЕО)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Александар Зверев по вторпат за две недели, сега во полуфиналето на Мајами. Италијанецот победи со 6-3, 7-6 (4) и со тоа го регистрираше својот 11-ти едноподруго триумф, но и 32 освоени сета по ред на Мастерсот.

„Доаѓањето тука, обидот да играм добар тенис, тоа беше мојата главна цел“, рече Синер.

Вториот носител сега е само еден триумф подалеку од тоа да стане првиот човек по Роџер Федерер во 2017 година што го комплетирал ‘Саншајн Дабл’.

Негов ривал во финалето, во недела, ќе биде Јиржи Лехечка, кој го победи Артур Фис со 6-2, 6-2.

Синер ги доби и последните седум средби со Зверев, вклучувајќи две оваа година. Италијанецот сега води со 8-4 во победи.

Неговиот резултат против неговиот следен противник, Лехечка, моментално е 3-0, а Италијанецот има шанса со победа да се приближи на само 1.540 поени зад лидерот Карлос Алкараз.

Се вчитува...