Државната помош за спортските клубови е речиси целосно исплатена, а Министерството за Спорт успеа да обезбеди дополнителни 86 милиони денари како дополнителни средства што ќе бидат поделени за клубовите во колективните средства.
„Министерот на негова заложба издвои нови средства, кои ќе бидат поделени во текот на овој месец, ние како федерација сме му благодарни за тоа што помага да бидеме спорт број 1 во државата“, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов на почетокот на денешното Собрание на РФМ.
Потоа на говорницата се најде Министерот за Спорт, Борко Ристовски, кој ја потврди оваа заложба што дефинитивно ќе има позитивен импакт врз македонскиот спорт.
„Би сакал да кажам дека ние како Министерството, покрај оној дел од субвенции кои се веќе исплатени… Јас сум во разговор и со претседателот на Владата, со надеж дека ова ќе биде само прв дел, а со ребалансот на буџетот би добиле уште 220 или 230 милиони денари што би биле поделени кон крајот на летото. 220 или 230 милиони денари… јас ја разбирам целокупната ситуација во спортот, но треба сите да сме свесни дека постои нешто што е над мене и над можностите на оваа влада во моментов. Ние како Министерство обезбедивме 86 милиони денари за помош на сите колективни спортови. Од оваа сума, околу 30 милиони денари ќе бидат наменети за ракометните клубови“, изјави Борко Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

