Селекторот на Ирска: На никого не му се игра против Македонија, по она што ни се случи во Чешка

Македонската фудбалска репрезентација во вторник (31 март, 20:45 часот) во Даблин ја очекува ревијалниот натпревар против Р. Ирска, дуелот на двете поразени екипи во битката за место на СП 2026.

Ирците дури, по изведувањето на пеналите во Прага загубија од Чешка, иако во регуларниот дел имаа и водство од 0-2. Но, дозволија гол на Чесите во финишот за продолженија и пенали кои, на крај беа кобни за Ирците.

Селекторот на Ирска, Исланѓанецот Халгримсон, вели дека е мрачна атмосферата во тимот меѓу дел од репрезентативците кои по случувањата во Прага се тотално демотивирани.

„Ќе мора да разговарам со поголем дел од играчите кои чувствуваат огромна болка, и ќе треба добро да ги мотивираме за натпреварот со Македонија. На никого не му се игра по се она, но јасно е дека мора да мислиме на секој наш натпревар. Сепак, ова е национален тим, а кога се игра во националниот дрес мора да се трудиш да бидеше се подобар на секој следен меч“ – вели Халгримсон.

„Да, играчите се професионалци, но и луѓе. Без разлика колку ќе разговараме и ќе го мотивираме, секогаш ќе носат една голема болка по една такваж жална елиминација. Но, во овие неколку дена ќе се обидиме да го надминеме тоа и да одиграме најдобро што знаеме против Македонија без разлика што мечот нема никакво резултатско значење“.

Се вчитува...