На Дончиќ му се заканува суспензија и губиток од 300.000 долари! (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе пропушти еден натпревар откако го достигна ограничувањето за технички прекршоци во НБА, што би можело да го чини околу 317.000 долари.

Тој ја доби својата 16-та техничка грешка сезонава синоќа против Бруклин Нетс.

Доколку суспензијата биде потврдена, Дончиќ ќе изгуби дел од својата годишна плата, што е приближно 317.000 долари, кога ќе го пропушти следниот натпревар против Вашингтон Визардс, објавува ЕСПН.

Техничкоиот прекршок беше досуден по офанзивен фаул на 5:12 минути до крајот на натпреварот, кога Дончиќ и крилото на Нетс, Заир Вилијамс, имаа вербална пресметка и физички контакт.

Иако финансискиот удар може да биде значаен, неговото отсуство веројатно нема да ја загрози формата на Лејкерси.

Во последните 12 натпревари, Дончиќ бележи просек од 39,7 поени со 48,9% шутирање (39,3% за три поени), 8,1 скока, 6,9 асистенции и 2,5 украдени топки.

Во тој период, Лос Анџелес Лејкерс имаа скор од 11-1, а Дончиќ беше прогласен за играч на неделата во Западната конференција по втор пат по ред.

Се вчитува...