ВИДЕО: Ужасни сцени во Прилеп – Колабираше капитенот на Победа, пренесен со амбулантно возило

Вознемирувачки сцени на второлигашкиот натпревар од 22. коло меѓу Победа и Детони  Плачковица во Прилеп.

Во 75.минута колабираш на терен 19-годишниот капитен на прилепчани, Кристи Крајоски…

Загуби свест на својата половина, падна на теренот, по што веднаш интервенираа лекарските екипи на двата тима. По кратко бессознание, Крајоски се врати и со амбулантно возило на Брзата помош е пренесен во болницата во Прилеп.

Според последните информации, неговата состојба е стабилизирана, по што ќе бидат извршени дополнителни лекарски анализи.

Се вчитува...