ВТОРА ЛИГА: Скопје е нов лидер, Шкендија Арачиново немоќна со Беласица

Скопје е нов лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига откако во 22. коло триумфираше заслужено со 0-2 на гостувањето против Вардар Неготино.

По овие три бода тимот од Автокоманда ја запоседна лидерската позиција на табелата со 50 бода, еден повеќе од Охрид кој има и натпревар помалку, оној денешниот од 18 часот на гостувањето против Брегалница во Штип.

Шкендија Арачиново остана „без муниција“ против Беласица пред своите навивачи, ремизирајќи без голови.

Детонит Плачковица славеше убедлива победа од 0-6 на гостувањето против прилепска Победа.

ВТОРА ЛИГА – 22. КОЛО
Кожуф – Големо Коњари 3-0
Новаци – Преспа 2-0
Осогово – Слога Виница 3-0
Победа – Детонит Плачковица 0-6
Шкендија Арачиново – Беласица 0-0
Тетекс – Каменица Саса 3-0
Вардар Неготино – Скопје 0-2
Брегалница – Охрид (18 ч.)

Се вчитува...