Прашината сè уште не слегнала околу заминувањето на Мохамед Салах од Ливерпул, но Јирген Клоп има решение – им препорача на челниците на клубот да размислат за доведување на Јан Диоманде од Лајпциг.
Египетскиот репрезентативец неодамна потврди дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната по девет години во клубот, поради што е сигурно дека Ливерпул ќе почне да бара соодветни засилувања.
Според некои извори, клубот не планира да доведе само еден, туку двајца крилни играчи.
На списокот на потенцијални засилувања се наоѓаат Михаел Олисе, Јан Диоманде, Бредли Баркола, Ентони Гордон и Франциско Консеисао.
Клоп, кој моментално го води глобалниот фудбалски сектор на компанијата Ред Бул, моментално е во Ливерпул, каде што присуствува на добротворниот натпревар на легендите на клубот против Борусија Дортмунд.
Во меѓувреме, Лајпциг сака да го задржи 19-годишниот Диоманде барем уште една сезона, но е свесен дека тоа ќе биде исклучително тешко, особено имајќи го предвид силниот интерес од европските гиганти.
Неговата моментална вредност се проценува на околу 87 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем наводно се заинтересирани за талентираниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

