Чаир со пресврт триумфираше на гостувањето против Ангели

Кошаркарите на Ангели и натаму остануваат заковани на последната позиција на табелата во Првата македонска кошаркарска лига, по поразот од Чаир со 78-85 пред своите навивачи.

А, Ангели далеку подобро го почнаа мечот добивајќи го првото полувреме со 49-40.

Но, пресврт на чаирчани во второто полувреме. Најпрво ја добија третата четвртина со 16-14, а потоа и последната четвртина со 13-21, за конечна победа.

Кај Чаир се издвои Билингсли со 30 поени и 10 скока, а Чатмен заврши со 18 поени. Кај Ангели се издвои Стефанов со 32 поени и седум асистенции, кој беше одличен, но и тој не можеше да го спречи поразот на својот тим. Ренг постигна 20 поени кај домашните.

Се вчитува...