Алкалоид и Пелистер запишаа убедливи победи против Тиквеш односно Бутел во 25. коло од плејоф разигрувањето во Суперлигата на Македонија.
Алкалод славеше со 42-25 против Тиквеш пред своите навивачи.
Никола Костески со осум гола беше најефикасен кај домашните, а Ненад Костески постигна седум гола. Марко Стојковиќ постигна пет гола. Во редовите на Тиквеш се издвоија Стојановски и Коцев со по шест погодоци.
„Пелистерци“, пак, убедливо со 25-41 триумфираа на гостувањето против Бутел.
Најдобар кај Пелистер беше Хаџиќ со седумгола, а со шест погодоци мечот го заврши Дејан Манасков. Петар Атанасијевиќ го заврши мечот со четири од четири. Дејан Михајловиќ со пет гола беше најдобар кај Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

