Ника Превц испиша историја на Планица

Ника Превц е победничка на првото натпреварување во ски-скокови за жени во историјата на Планица.

Словенечката ски-скокачка Ника Превц испиша историја на домашен терен, триумфирајќи на првото натпреварување во скијачки летови за жени на Планица.

Својата 40-та победа во Светскиот куп ја достигна доминантно, со вкупно 405,3 поени, благодарение на импресивните скокови од 228,5 и 221 метар.

Второто место го освои Норвежанката Еирин Марија Квандал со 388,1 поени, со што го обезбеди и Малиот кристален глобус во дисциплината скијачки летови. Јапонката Нозоми Марујама заврши на третото место со 361,7 поени.

Превац веќе го обезбеди Големиот кристален глобус претходно оваа сезона, како вкупен победник на Светскиот куп, па триумфот во Планица само дополнително ја потврди својата доминација.

Се вчитува...