Ново „Вемби – шоу“, нов триумф на Сан Антонио

Сан Антонио спарс продолжува со одличните игри откако лесно и убедливо славеше во Милвоки со 95-127, исход што значеше и дефинитивно губење на шансите на Миволки за место во плејофот.

За Сан Антонио ова беше дванаесетта победа во последните 13 меча, со што спарси заостануваат само две победи зад Оклахома Сити за првото место во Западната конференција во пресрет на плејофот. Вембињама одигра уште еден импресивен натпревар со 23 поени, 15 скокови и 6 асистенции, а огромен придонес за триумфот даде и Касл со 22 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Детроит многу полесно од очекувањата го освои Минеаполис, користејќи го неиграњето на Едвардс за тимот на Минесота и славејќи со 87-109. Херис со 18 поени ги предводеше стрелците во победничкиот тим, Холанд и Џенкинс реализираа по 13, додека Ди Винченцо со 22 поени беше прв стрелец на Минесота во овој убедлив пораз.

Шарот прокоцка 15 поени предност во третата четвртина (86-71) и на крајот загуби на домашен терен од Филаделфија со резултат 114-118. Ембид беше прво име во победничкиот тим со 29 поени, пред Макси и Џорџ кои постигнаа по 26 поени.

Резултати НБА:

Шарлот – Филаделфија 114-118, Атланта – Сакраменто 123-113, Мемфис – Чикаго 125-124, Феникс – Јута 134-109, Милвоки – Сан Антонио 95-127, Минесота – Детроит 87-109.

Се вчитува...