Кими Антонели има неверојатен старт на сезоната во Формула 1 откако сензационалниот тинејџер во третата трка стигна до втората победа, триумфирајќи рано утрово за Големата Награда на Јапонија.
Две седмици откако беше најдобар во Кина, Антонели успеа да излезе како победник и во Јапонија, со што на 19-годишна возраст стана најмлад лидер во генералниот пласман во Ф1 шампионатот.
Тој нешто послабо стартуваше и падна на шестата позиција, но сепак успеа да се најде на чело на колоната. Антонели имаше и многу среќа бидејќи неговите ривали Пијастро и Расел веќе направија промени на гуми, кога Олиер Берман имаше судир и мораше да излезе безбедносно возило, по што Антонели можеше да влезе и излезе од „бокс“, се задржа на првото место и стигна до голема победа.
Зад победникот се најдоа Оскар Пијастри на Мекларен и Шарл Леклер во болидот на Ферари, додека светскиот првак Расел на крајот мораше да се задоволи само со четвртата позиција.
Луис Хамилтон ја заврши оваа трка како шестопласиран додека поранешниот светски првак Макс Ферстапен имаше уште еден викенд за заборав, на крајот освојувајќи со само осмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

