Рутински победи на водечките Соколи и Струмица

Ниту седмото коло од Првата македонска лига не донесе сериозни промени во поглед на позициите на табелата, особено оние први четири кои водат кон доигрувањето за место во Супер лигата.

Двете екипи кои ја делат првата позиција, Струмица 2001 и Соколи 1933 беа сигурни на свој терен. Истото се случи и во мечевите во кои и другите две, Бутел и Борец баскет, исто така на свој паркет, не дозволија второ изненадување, како она во претходното коло, по кои „паднаа“ на делба на третото место

СОКОЛИ 1933 – ВОДНО САНС 120:89

Штипјани одиграа уште еден ефикасен натпревар во кој реализираа дури 120 поени. На полувреме резултатот гласеше 60-60, но Соколи заиграа далеку подобро во одбраната, ја добија третата четвртина со 37-8 и си го трасираа патот до победата.

Тодоровски реализираше 27 поени, Блажевски имаше 19, Костадинов 17, Митев 14, а капитенот Караколев уште 12 поени за штипскиот прволигаш. Кај Водно санс, Митев реализираше 27 поени, Бајалџиев 14, а Миленковиќ уште 11.

СТРУМИЦА 2001 – МЕГА БАСКЕТ 87:62

Сигурен настап имаше и екипата од Струмица, која без особени проблеми славеше победа против недоволно мотивираниот тим од Прилеп. Сите дилеми на овој меч беа тргнати по само 20 минути од играта во кои фаворитот поведе со 55-28, по што рутински го одигра второто полувреме. На овој натпревар, Масевски постигна 19 поени, Јовановиќ и Д. Пандев имаа по 14, а Ф. Пандев и Александровски по десет. Во гостинскиот состав, Јовановски уфрли 18 поени, Митков имаше 16, а Димитриевски уште 11 поени.

БУТЕЛ – ОХРИД 98:67

Ново убедливо издание на тимот од Бутел на домашен терен, овојпат против екипата на Охрид. Им недостасуваа само два поени да дојдат до нова „стотка“ во оваа фаза од првенството. Бутел слично како и Струмица работата ја заврши уште во првото полувреме, поведувајќи со 48-26.

Атанасов ги предводеше стрелците со 21 поен, два повеќе од Кнежевиќ, додека Хот го заврши мечот со 17 поени.

БОРЕЦ БАСКЕТ – ВАРДАР 82:76

„Најблизок“ беше резултатот на средбата во салата „Гемиџии“, во Велес, во кој на крајот се радуваше домашната екипа.

Велешани тргнаа силно и во првиот период се стекаа со високи (26:13). Но гостите од Скопје возвратија во вториот, кој го решија во своја корист со (24:13), за минимални „плус 2“, (39:37) за Борец баскет на одморот. Во продолжението од играта максимално израмнет дуел во кој победникот беше решен во финалните минути, за големо славје на домашниот тим.

По голема заслуга на Американеџот во составот на Борец баскет, Тимоти Џејмс кој забележа 30 поени. Но со поддршка која дојде од најискусниот, Штерјов, кој даде 16 поени, Чадамов, кој беше стрелец на 14 поени…

Во екипата на Вардар, Ѓорѓевиќ постигна 19 поени, Стојановски имаше 17, Терзевски 15, а Данев уште 11 поени.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА

ТОП 8

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

Соколи 1933 – Водно санс 120:89

Струмица 2001 – Мега баскет 87:62

Бутел – Охрид 98:67

Борец баскет – Вардар 82:76

ТАБЕЛА

1.Соколи 1933 13 10 3 1161:938 23

2.Струмица 2001 13 10 3 1105:921 23

3.Бутел 13 9 4 1226:1020 22

4.Борец баскет 13 9 4 1093:1035 22

5.Вардар 13 5 8 1052:1168 18

6.Мега баскет 13 4 9 1095:1183 17

7.Охрид 13 3 10 888:1110 16

8.Водно санс 13 2 11 1065:1283 15

ИДНО КОЛО (04.04)

Вардар – Соколи 1933

Мега баскет – Борец баскет

Охрид – Струмица 2001

Водно санс – Бутел

Се вчитува...