Лука Дончиќ игра феноменално во последниот месец, предводејќи го тимот ЛА Лејкерс до низа клучни победи, но Словенецот не крие дека е разочаран што и покрај извонредните настапи тој е се подалеку од МВП наградата.
Американските медиуми редовно го пренесуваат рангирањето за најпрестижната индивидуална награда, а Дончиќ е шокиран што од второто, падна на четвртото место во најновиот ранкинг, зад Гилџус Александер, Јокиќ и Вембењама.
„Неверојатно… што подобро играм, повеќе паѓам на таа табела. Секако дека сакам да станам МВП, но не знам што повеќе треба да направам“, разочарано изјави Дончиќ.
Дончиќ има неверојатни бројки во март, во просек бележи по 37,2 поени, со 8,2 скокови и 7,1 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

