Шок: Мирчеа Луческу имаше срцев среде тренинг

Романската тренерска легенда Мирчеа Луческу доживеа срцев удар за време на последниот тренинг пред заминувањето за Словачка, каде Романците ги очекува пријателски меч по неуспехот во полуфиналето од баражот со Турција.

За Луческу ова требаше да биде последен меч како селектор на Романија, но прославениот стратег колабирал неколку минути по почетокот на тренингот.

Романската Фудбалска Федерација потврди дека селекторот се соочил со сериозни здравствени проблеми, напоменувајќи дека му била пружена прва помош во самиот тренинг центар. Потоа, на местото пристигнале две возила на брзата помош, лекарите успеале да ја стабилизираат состојбата на 80-годишниот стручњак, по што тој бил пренесен во клиниката во Букурешшт.

„Во моментов состојбата на нашиот селекто е стабилна. Сепак, поради медицинските протоколи, за да елиминираме било каков ризик, тој беше пренесен во билница каде ќе му бидат извршени детални прегледи“, се вели во соопштението на федерацијата.

Се вчитува...