Италијанците „плачат: „Малерот“ со Македонија ќе ни суди против БиХ

УЕФА ги објави официјалните лица за финалните баражи за пласман на СП 2026, а одговорноста да ја дели правдата на дуелот меѓу БиХ и Италија му припадна на Клемон Турпан.

Французинот кој важи за еден од најдобрите светски судии ќе биде главен на дуелот во Зеница закажан за 31 март, но неговото номинирање за овој дуел предизвика бурна реакција меѓу италијанските фанови. Не поради судиските квалитети на Турпан, туку поради фактот дека тој беше главен судија и последниот пат кога Италија играше за мундијалска виза – на дуелот со Македонија во Палермо пред четири години што „аѕурите“ го загубија со 0-1.

„Малерот од дуелот со Македонија сега ќе биде главен судија против БиХ“, е еден од бројните коментари на оваа тема во италијанската јавност.

На останатите баражи, Славко Винчиќ ќе биде главен судија меѓу Шведска и Полска, Маурицио Маријани ќе го води мечот Чешка – Данска,  а Мајкл Оливер ќе биде задолжен за делење на правдата на дуелот во Приштина меѓу Косово и Tурција.

Се вчитува...