Нико Шлотербек конечно донесе одлука за својата иднина, и тоа сосема неочекувана откако неколку месеци беше најавувано дека германскиот репрезентативец по истекот на договорот со Борусија Дортмунд како слободен играч ќе ги напушти „милионерите“.
Тој преговараше со Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Баерн Минхен, но Шлотербек на крајот се премисли – и реши да остане во Дортмунд уште најмалку една сезона.
Германските медиуми објавија дека е постигнат целосен договор, платата на Шлотербек ќе скокне на максимални 14 милиони евра (вклучувајќи неколку бонуси), со што Борусија ќе спречи најдобриот дефанзивец да си замине без никаква отштета.
Во новиот договор ќе има клаузула со која Шлотербек во 2027 година ќе може да си замине, но во негермански клуб (со што се спречува трансфер во Баерн) за сума од 60 милиони евра,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

