Милан не се откажува од Влаховиќ

Душан Влаховиќ напредува во преговорите за нов договор со Јувентус, но истовремено Милан не се откажува од намерата да го убеди српскиот голгетер да им се приклучи на „росонерите“ во летниот преоден рок.

Јувентус му понуди на Србинот нов двогодишен договор за плата од 6,5 милиони евра плус богат бонус за потпис, но последните информации говорат дека Милан понудил повеќе пари за да го доведе овој фудбалер на „Сан Сиро“.

Фактот дека играч од квалитетите на Влаховиќ е достапен на пазарот придонесе „росонерите“ да тргнат во нова офанзива, нудејќи му на Душан бонус од 10 милиони евра само за потпис на договорот. Што се однесува до платата, Милан ја израмнил сумата од 6,5 милиони евра годишно што ја нуди и Јувентус, но нуди и дополнителни бонуси поврзани со настапите на голгетерот и успесите на тимот во наредните три сезони.

Се вчитува...