Баскет Кам е во криза, Крива Паланка го совлада Бадел

Резултатската криза на актуелниот шампион Баскет Кам се продлабочи по најновиот неуспех на оваа екипа, која на домашен терен беше поразена од Вардар со резултат 48-55.

Пресудно беше првото полувреме во кое „вардарки“ целосно доминираа поведувајќи со 19-41. Шампионките се разбудија во вториот дел, но негативата беше преголема, па се што успеа Баскет Кам да стори е да го ублажи поразот до конечните „минус седум“. Во екипата победник, Трајковска реализираше 11поени , исто толку имаше и Тасевска (плус шест асистенции и четири скока), додека Николиќ стигна до дабл-дабл од 10 поени и 12 скокови.

Крива Паланка лесно и убедливо славеше над Бадел со 81-59, победникот решавајќи го уште во првото полувреме во кое поведе со 48-22.

Со 29 поени најефикасна во победничкиот тим беше Робинсон. додека Грин реализираше 19 поени (имаше и осум асистенции и шест скока), На спротивната страна, до двоцифрен ефект кај Бадел стигна само Фримен со 12 поени и 11 скокови.

 

РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО

Крива Паланка – Бадел 1862 81:59

Баскет кам – Вардар 48:55

Спорт тим – МЗТ Бела вода 65:60

Патриот 2016 – Пробаскет 82:58

ТАБЕЛА

1.Крива Паланка 18 15 3 1425:1064 33

2.Баскет кам 18 13 5 1158:941 31

3.Вардар 18 13 5 1338:1144 31

4.Бадел 1862 18 12 6 1356:1133 30

5.Пробаскет 18 10 8 1349:1269 28

6.МЗТ Бела вода 18 5 13 1099:1228 23

7.Патриот 2016 18 2 16 1042:1589 20

8.Спорт тим 18 2 16 940:1339 19

ИДНО КОЛО (04.04)

Бадел 1862 – Спорт тим

Вардар – Крива Паланка

Пробасект – Баскет кам

МЗТ Бела вода – Патриот 2016

Се вчитува...