Тоти за БиХ – Италија: Победа или смрт!

Италија ги пропушти последните две светски првенства, па јасно е зошто на претстојниот дуел со БиХ закажан за вторник во Зеница се гледа како на дуел „да се биде или не“ за „аѕурите“.

Притисокот е огромен, па така и легендата Франческо Тоти го најави дуелот со БиХ како меч „да се биде или не“ за италијанскиот фудбал.

„Во вторник играме во БиХ, каде не очекува тежок и незгоден натпревар. За нас е: победа или смрт!“, порача Франческо Тоти.

Тој потоа изрази оптимизам дека Италија ќе најде начин да стигне до победата на овој натпревар.

„Не се сомневам дека ќе одиграме одличен меч, знам дека Гатузо ќе знае да управува со ситуацијата, со емоциите“, истакна Тоти.

Се вчитува...