Али ќе дебитира за Ирска против Македонија

Крилниот фудбалер на Портсмут, Миленик Али, ќе има можност да дебитира на претстојниот меч со Македонија откако овој 26-годишен крилен офанзивец беше дополнително повикан од страна на селекторот Халгримсон.

Семи Смодич мораше да се врати во својот клуб откако доби потрес на мозокот на последниот дуел со Чешка, а крајно неизвесно е дали Халгримсон ќе може да смета на Џек Тејлор, кој поради семејни причини ја напушти базата на националниот тим и неизвесно е дали ќе се врати навреме за да настапи на дуелот со Македонија закажан за вторник во 18.45 часот.

Али блескаше кон крајот на ланската сезона во дресот на Лутон, од каде беше испратен на позајмица во Портсмут и со успех ги брани боите на овој тим во Чемпионшип-дивизијата.

Тој веќе се приклучи на репрезентацијата, го одработи денешниот тренинг и според најавите би требало да добие шанса во второто полувреме од мечот со нашиот национален тим.

Се вчитува...