Денвер одигра тежок натпревар во Колорадо и дојде до важна победа на крајот од регуларната сезона над Голден Стејт со 116-93. Ова беше нивниот 48-ми триумф, со што се изедначија со Лејкерси на третото место во Западната конференција и три победи пред Минесота.
Денвер имаше негатива во поголемиот дел од мечот и се мачеше да го пронајде вистинскиот ритам. Но, се се сврти во нивна корист во третата четвртина. Во ниту еден момент Голден Стејт немаше двоцифрена предност, но секогаш имаа решенија во нападот.
Со тројки од Никола Јокиќ и Тим Хардавеј на крајот од третата четвртина, и поените на Кристијан Браун од контранапад, Нагетси поведоа по долго време и успеаја да ја одржат предноста до крајот на натпреварот. Во тој период погодија осум тројки и постигнаа 40 поени, со што враќање повеќе за Голден Стејт немаше.
НБА, резултати:
Бруклин – Сакраменто 116:99
Шарлот – Бостон 99:114
Портланд – Вашингтон 123:88
Торонто – Орландо 139:87
Њу Орлеанс – Хјустон 102:134
Оклахома – Њујорк 111:100
Денвер – Голден Стејт 116:93
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

