Енцо „флертува“ со Реал: „Мадрид е прекрасен град, би сакал да живеам таму“

Играчот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез во последните неколку недели е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ во него гледа долгорочно решение во средината на теренот, а планот е еден од Чуамени и Камавинга да замине, за да се отвори место за Аргентинецот.

И додека се погласни се шпекулациите за преселба на Енцо на „Сантијаго Бернабе“, според изјавата на самиот фудбалер дека му се допаѓа Мадрид, значи дека и негова желба е да замине во Реал.

„Би сакал да живеам во Мадрид. Тоа е прекрасен град, потсетува на Буенос Аирес“, рече Енцо.

Претходно беше објавено дека неговиот сон бил да заигра во дресот на „кралевите“, па многу веројатно и да му биде исполнета во следниот период.

Се вчитува...