Дешамп лут на Колумбијците: Како да игравме рагби…

Француската фудбалска репрезентација ја победи Колумбија со 3:1 во пријателски натпревар во САД, но овој натпревар беше сè друго освен „пријателски“.

Селекторот Дидие Дешамп ги критикуваше Колумбијците за нивната остра игра и несоодветни стартови во пријателскиот натпревар.

„Доколку Мајкл Олисе не скокнеше, ќе си ја скршеше ногата во последниот старт на натпреварот. Агресијата е сосема легитимна, но понекогаш одеа предалеку. Бев многу лут на крајот од натпреварот и му реков на четвртиот судија дека не играме рагби“, рече Дешамп.

За среќа, никој од француската репрезентација не претрпе повреди во дуелите со Бразил и Колумбија на долгото патување во САД.

Се вчитува...