Богдановиќ за враќањето во Партизан: Убаво е да се видат тие фотографии

Во последните денови се поактуелна е приказната за враќање на Богдан Богдановиќ во редовите на Партизан. Откако е јасно дека иднината во ЛА Клиперс е неизвесна, капитенот на репрезентацијата на Србија е се поврзуван со „кам-бек“ во белградските „црно-бели“.

Сепак, Богдановиќ засега ја отфрла таа можност, кажувајќи дека е целосно фокусиран кон настапите во НБА.

„Го читам тоа по медиумите. Убаво е да се видат тие фотографии, но што би требало сега? Да донесам некаква одлука? Не разбирам… Имам уште седум меча до крајот, потоа и плеј-оф, и главата ми е тука. Не размислувам што ќе се случува следната година или следниот месец. Тука сум, подготвен сум, напорно тренирам. Се обидувам да бидам во што е можно подобра форма кога ќе започне плеј-офот“, изјави Богдановиќ.

Се вчитува...