Игор Стојчевски ќе го суди квалификацискиот меч меѓу Португалија и Шкотска

Неколку интернационални македонски судии деновиве се дел од квалификациските турнири на кадетските и младинските селекции за пласман на европските првенства.

На меѓународната сцена ќе се појави и судијата Игор Стојчевски кој отпатува за Португалија каде утре (31 март) во Есторил ќе биде главен судија на мечот меѓу Португалија и Шкотска во рамките од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.

Александар Ставрев,пак, во Сан Марино каде го контролираше судењето на мечот Сан Марино – Финска (0-8) во квалификациите за Европското првенство, исто така за играчи до 21 година.

M.M.

Се вчитува...