Судија од Велс ќе ја дели правдата против Ирска во Даблин

Велшанецот Иван Арвел Грифит ќе биде главен делител на правдата на утрешниот натпревар меѓу Р. Ирска и Македонија на „Авива стадионот“ во Даблин, меѓу двете поразени селекции во баражот за пласман на СП 2026.

Судиската тројка ќе биде, исто така од Островот, но од Велс.

На Грифит ќе му помагаат сонародниците Џонатон Брајант и Хери Хендрикс, а четврти судија ќе биде Џејми Робинсон од Северна Ирска.

Се вчитува...