Мамиќ со нова хит изјава: Да ја кренеме Босна на нозе и да им е*еме мајката

Босна и Херцеговина ја тресе фудбалска треска пред решавачкиот натпревар против Италија за пласман на Светското првенство оваа година.

Дуелот е закажан за вторник во 20.45 часот во Зеница. Многу јавни личности се огласија, вклучувајќи го и Здравко Мамиќ.

Поранешниот прв човек на Динамо од Загреб веќе долго време живее во Босна и Херцеговина бидејќи по него е распишана потерница во Хрватска. Контроверзниот фудбалски работник го изнесе своето мислење за натпреварот во Зеница.

„Ја поддржувам Босна и Херцеговина. Секако дека ќе бидам во Зеница во вторник. Ќе бидам во првите редови, облечен во знамето на Босна и Херцеговина или со шалот на репрезентацијата и ќе ја поддржувам Босна и Херцеговина со моите внуци. Поддржете кого сакате, но мислам дека е нормално сите ние што живееме тука, чии деца одат на училиште тука, да ја поддржуваме Босна и Херцеговина. Сакам цела Босна да слави заедно, да ја вратиме Босна на нозе во вторник и да ја е*еме мајката на цел свет“, изјави Мамиќ.

Се вчитува...