Кол Палмер на лето го напушта Челси

Најдобриот фудбалер на Челси, Кол Палмер, е незадоволен во клубот и би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“ на лето, објавија британските медиуми.

Палмер има тешка сезона во Челси, се бори со формата и повредите, но и поради промената во тактиката. Се верува дека тие промени го ограничија неговото влијание на теренот, што придонесе за неговото незадоволство во последните месеци.

Многу европски клубови се заинтересирани за 23-годишниот англиски фудбалер, а Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја следат ситуацијата.

И покрај неизвесноста, Челси го гледа Палмер како клучен играч во проектот и не сака да го продаде.

Се вчитува...