Младинскиот шампион на Македонија, Е. Пелистер во неизвесен меч славеше над данскиот Алборг со 24-23 во полуфиналниот натпревар од групната фаза и обезбеди пласман во финалето, каде ќе се бори за место на Финалниот турнир на четири (Ф4) во Лигата на шампионите во Келн.
Младите „пелистерци“ одиграа исклучително борбен меч против скандинавскиот тим и до самиот крај го одржуваа минималното водство. Најдобар стрелец на натпреварот беше Андреј Георгиев, кој постигна импресивни 12 гола. Со шест гола се истакна и Јован Симоновски. Кај Данците, најпрецизен беше Оливер Кристенсен со четири гола.
Е. Пелистер во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Загреб и Фуксе Берлин. Лани тие го минаа истиот пат со победите над полскиот Киелце и романскиот Динамо Букурешт и се пласираа на Ф4 во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

