Aтаман без половина тим во дербито против Олимпијакос

Кошаркарите на Панатинаикос се соочуваат со големи кадровски проблеми пред дербито против Олимпијакос во грчкото првенство кое се игра вечерва.

Како што објавува грчкиот „Спорт24“, Панатинаикос ќе биде значително ослабен, бидејќи дури пет играчи нема да играат поради повреди.

Ергин Атаман нема да може да смета на Најџел Хејс-Дејвис (проблем со листот), Џеријан Грант (повреда на раката), Хуанчо Хернангомез (вирус на желудникот), Никос Рогавопулос (истегнување на мускулот) и Александрос Самодуров (воспаление) за овој дуел.

Покрај нив, натпреварот ќе го пропушти и Мариус Григонис, кој не е регистриран за домашното натпреварување.

Патанаикос моментално го зазема второто место на табелата со скор од 17-4, додека Олимпијакос е сè уште максимален со 20-0 и влегува во дербито како фаворит.

Се вчитува...