Збогум Баерн: Гереиро ги пакува куферите

Рафаел Гереиро и дефинитино ќе го напушти Баерн Минхен на крајот од сезонава, откако управата на баварскиот гигант реши да не му го продолжи договорот на португалскиот интернационалец.

Тој пристигна како слободен играч во 2023 од лутиот ривал Борусија Дортмунд, но честите повреди придонесоа да не добива позначајна улога во дресот на баварскиот гигант.

„Благодарни сме му на Рафа за времето минато со нас, знаеме дека тој ќе стори се за да помогне да ги оствариме зацртаните цели до крајот на сезонава“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Гереиро е вториот играч што летово ќе го напушти како слободен играч Баерн, откако претходно истото го најави и Леон Горецка.

Се вчитува...