Седлоски: Ќе има неколку измени во тимот во однос на Данска, но ќе мора да има многу поголем жар и борба во националниот дрес

ЕКИПА во Даблин, Р. Ирска
Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Гоце Седлоски потенцираше дека националниот тим, без разлика на оној болен пораз со Данска, е максимално подготвена и од психолошки аспект за вистинско надигрување со Ирска утре на „Авива стадионот“ во Даблин.

Кога се игра за националниот тим нема неважен натпревар, а фудбалерите ќе мора да покажат и многу повеќе борба и жар на теренот, посебно против една силна островска селекција.

„Поразите болат. После еден таков натпревар важен против Данска, кој навистина боли, сега ситуацијата се смири, атмосферата е добро, трениравме добро и изминативе денови и верувам дека ќе дадат се за да дојдеме до позитивен резултат. Мора да нагласам дека е тешко после оној пораз со Данска, но мотивацијата кај играчите мора да биде секогаш на високо ниво. Добро го анализиравме тој меч и ги знаеме нашите грешки кои сега ќе се обидеме да ги поправиме уште веднаш“ – рече Седлоски на денешната прес-конференција во Даблин притоа дополнувајќи:

„Ова за мене ќе биде втор натпревар, но сега бараме нов карактер и нов обид за позитивно издание. Ќе имаме неколку измени во однос на стартерите, ќе смениме на неколку нови позиции, но нема да има и многу промени. Се договоривме да има осум замени, така да сигурно многу повеќе играќи ќе добијат шанса“.

 

Се вчитува...