ЕКИПА во Даблин, Р. Ирска
Владимир Булатовиќ
Првиот чувар на мрежата на македонската селекција, Столе Димитриевски на прес-конференцијата во Даблин пред утрешниот ревијален натпревар со Р. Ирска, во дуелот на поразените од баражот за СП 2026, потенцираше дека нема неважен натпревар кога се игра за Македонија.
Така ќе биде и утре од 20:45 часот на „Авива стадионот“…
„На последните два натпревари примивме многу голови. Разговаравме за последниот натпревар и поразот од Данска, и факт е дека мора да бидеме позиционирани како што треба за да не дозволиме такви киксеви како што беа во Копенхаген. Јас сум професионалец и кога доаѓаме да играме за Македонија за нас нема неважен натпревар. Тоа е најмалку што може да направиме за Македонија“ – рече Димитриевски, и дополни:
„Ние и играчите меѓу себе навистина разговараме меѓу нас, и се консултираме меѓу нас самите играчи. Утре сакаме да одиграме подобро од Данска и да се подобриме, да бидеме на едно повисоко ниво, и да ги ираздуваме нашите навивачи кои заслужуваат малку радост“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

