Барбарез: Да дадеме први гол и да „паркираме автобус“

Сергеј Барбарез успеа да ја воскресне селекцијата на БиХ откако дојде на кормилото на овој национален тим, водејќи го на еден чекор до мундијалски билет.

А таа последна битка фудбалерите на БиХ ќе ја водат утревечер во Зеница против селекцијата на Италија, која барем на хартија ќе ја има фаворитската улога, но домашниот терен ќе биде значаен адут на Барбарез и неговите избраници на овој дуел.

„Ќе биде важно добро да влеземе во натпреварот, по можност први да дадеме гол. Ако го сториме тоа, потоа ќе го „паркираме автобусот“ во нашиот шеснаесетник и ќе се обидеме да ја задржиме предноста. Ако не успееме, ќе го паркираме автобусот во шеснаесетникот на Италија и ќе сториме се за да израмниме. Знаеме дека ќе биде тешко, играме со ривал што максимално го почитуваме, според мене најважно е да бидеме храбри, да се бориме за секоја топка бидејќи само со таков пристап можеме да се надеваме на успех на крајот“, прокоментира Барбарез.

Се вчитува...