Нови три медали за каратистите на Макпетрол

Викендов се одржа најстариот европски Меѓународен карате турнир 55 -ти по ред „Златен појас“ во Чачак, Србија. Македонија на овој турнир беше поканета и настапи со 15 спортисти од поширокиот список на сениорската репрезентација,

Каратистите на “Макпетрол” одлично се преставија на овој регионално најсилен европски карате турнир. Успеаja да освоjат три бронзени медали, иако можеше успехот да биде и поголем. Добар впечаток остави Петар Заборски (-75кг),  кој беше и тренер и спортист на овој турнир, тој имаше вкупно 4 победи и еден пораз ( 0-0 ), загуби на изјаснување во полуфиналната борба.

Репрезентативките Викторија Јовановска и Јована Мицовска,  исто така прикажаа модерен карате пристап и одлична форма. Добар впечаток остави и младиот спортист Андреј Стојчевски (-60кг), кој освои сребрен медал. Спортистите од Данило Божовиќ (-84 кг) и Вукашин Јовановиќ (-67кг)  овој пат не успеаја да освојат медали.

Медалите ги освоија:

1.Петар заборски (-75 кг),

2.Викторија Јовановска (-68 кг) и

3.Јована Мицовска (-61 кг)

Се вчитува...