Гатузо: Теренот во Зеница не смее да ни биде изговор

Веднаш откако стана јасно дека Италија клучната битка за СП 2026 ќе ја води на гостински терен во БиХ медиумите на Апенинскиот полуостров почнаа да се занимаваат со теренот во Зеница, оценувајќи го како непогоден за еден ваков важен дуел.

И додека медиумите во БиХ одговараат дека теренот ќе биде во перфектна состојба за утрешниот натпревар, италијанскиот селектор Џенаро Гатузо јасно стави до знаење дека не планира да ги користи условите за игра како алиби без оглед на конечнио исход.

„Да се зборува за теренот пред вака важен натпревар е алиби и изговор, а мене не ми се допаѓа тоа. Ако е теренот лош за нас, ќе биде ист и за противникот. Треба да се игра, да се размислува за своето издание. Имав можност да го видам теренот, слободно можам да кажам дека со Хајдук гостувавме при далеку полоши услови за игра. Тоа е најмалку важно во моментов“, истакна Гатузо.

Се вчитува...