Ирците вратиле 15.000 билети за денешниот меч со Македонија, и без „Фалангата“ на „Авива“

Околу 15.000 билети до денешниот ден се вратени од страна на ирските навивачи за натпреварот меѓу Р. Ирска и Македонија вечерва од 20:45 часот на „Авива стадионот“ во Даблин.

Билетите за натпреварот од Ирската фудбалска асоцијација ги пуштија уште пред полуфиналниот дуел со Чешка од баражот за СП 2026, па стадионот беше целосно распродаден во очекување Ирска да игра домашно финале за мундијалски пласман.

Но, откако тоа не се случи, а Ирска загуби по пеналите од Чешка, сега голем број билети се вратени до домашната асоцијација, опција која им беше овозможена на навивачите. Билите за денешниот натпревар  претходно се продавале по цена од 175 евра.

Но, со оглед на разочарувачката елиминација од Чешка, сега Ирците вратиле, со рефундација на средствата, дури 15.000 билети. Па, со оглед на капацитетот на прекрасниот „Авива стадион“ вечерва се очекува меѓу 35.000 и 40.000 навивачи да го следат натпреварот.

Исто така на стадионот нема да има и организирана група македонски фанови. Секако со индивидуални посети на Македонци кои живеат и работат во Ирска.

Се вчитува...