Вембењама со најбрзиот дабл-дабл во историјата на НБА

Виктор Вембењама продолжува со неверојатните партии во дресот на Сан Антонио спарс, па така францускиот центар против Чикаго стигна до фантастично остварување – најбрз дабл-дабл во историјата на НБА-лигата.

Вемби доминираше во рекетот и само осум минути му беа доволни за да стигне до десет поени и десет скокови, со што го урна рекордот на Андре Драмонд, кој во 2022 година имаше дабл-дабл по само девет минути игра.

Вембињама го заврши мечот со фантастични 41 поени, 16 скокови, 4 асистенции и три блокади, за деветта победа во низа на Сан Антонио.

Се вчитува...