Огномет по полноќ: Турците без сон во Приштина (видео)

Во Приштина владее тотална еуфорија во пресрет на вечерашниот бараж меѓу Косово и Турција на кој победникот ќе добие билет за учество на СП 2026.

Навивачите ќе сторат се за да ги поддржат своите миленици, па и да им го загорчат животот на противниците. Така, Турците ноќта пред мечот ја минаа без сон, откако косовските фанови пуштија огномет во непосредна близина на нивниот хотел.

Турците се жалат што воопшто и немало никакво обезбедување пред хотелот, предупредувајќи на однапред договорено сценарио, но ваквите случки не се ништо ново и на клупски и на репрезентативен план, пред клучните натпревари.

Се вчитува...