ТАЖНА ВЕСТ ЗА БАЛКАНСКИОТ ФУДБАЛ: На само 63 години почина легендарниот Боби Михајлов!

Легендарниот капитен на репрезентацијата на Бугарија, Борислав Михајлов почина утрово во Софија, на само 63 свои години.

Легендата на бугарскиот фудбал беше во тешка здравствена состојба по мозочниот удар од минатата година, по кој на крај не успеа да се опорави.

Михајлов важи за најдобар голман во историјата на Левски и Бугарија, кој запиша дури 102 натпревари во националниот тим, а повеќето од нив и со капитенската лента на раката.

Дел е од златната генерација на бугарскиот фудбал која го запиша најголемиот успех во историјата со бронзениот медал на Светското првенство во САД во 1994 година, заедно со Стоичков, Костадинов, Балаков, Лечков…. Михајлов е играчот со најмногу натпревари за Бугарија на Светското првенство – 11.

Во кариерата има и три титули со Левски во шампионатот на Бугарија, и три титули во Купот на Бугарија, а беше член и на англискиот Ридинг, и на швајцарски Цирих.

Се вчитува...