Шокантна вест доаѓа од Белорусија која ја растажува и цела спортска Македонија. На само 51-годишна возраст, како што објави Брест Мешков, почина Едуард Кокшаров, во минатото тренер на машката и женската екипа на Вардар, но и спортски директор на „црвено-црните“.
Кокшаров, кој почина денеска во Брст, во минатото имаше повеќе од запазена улога во Вардар како долгогодишен спортски директор, а една година беше и тренер на Вардар. Беше дел и од најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година.
Во својата кариера беше стандарден репрезентативец и селектор на репрезентацијата на Русија, а од 2022 до 2023 го водеше женскиот тим на Ростов Дон. Потоа ја презеде клупата на Мешков Брест која ја водеше до се до неочекуваната смрт.
Според информациите од Белорусија, му се слошило пред тренингот на клубот, по што починал, според првичните информации, од срцев удар.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

