Пред финалето на плејофот на Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Италија, навивачката треска ја тресе целата земја, а се прошири и на работните места.
Компанијата „Дабл Фреш“ од Тузла отиде чекор понатаму и им понуди на своите вработени уникатна мотивација. Фирмата сподели објава на своите социјални мрежи која брзо стана вистински хит.
На нивното стори на Инстаграм, тие напишаа покрај знамето на Босна и Херцеговина:
„Работа во компанија каде што емоциите кон националниот тим се дел од договорот“, а потоа објавија официјално известување со потпис и печат, што предизвика ентузијазам кај навивачите.
Во писмото се наведува дека исходот од вечервашниот натпревар директно ќе влијае на она што ги очекува вработените утре.
„Во случај на пораз на Босна и Херцеговина, 1 април 2026 година ќе биде неработен ден за сите вработени, за да имаат време психички да се опорават“, се наведува во известувањето.
Во случај на победа, наградата е уште поголема:
„Сите вработени ќе добијат награда во износ од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра), како и два дена одмор за да го прослават овој значаен успех“, стои во објавата на фирмата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

