Националната фудбалска лига (НФЛ) објави дека Лас Вегас ќе биде домаќин на Супербоулот во 2029 година.
Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, изјави дека сите во организацијата се возбудени што Супербоулот повторно ќе се игра во Лас Вегас.
„Ќе им обезбедиме на нашите фанови уште едно неверојатно искуство во една од најголемите спортски и забавни дестинации во Америка. Супербоул 58 го демонстрираше обемот, енергијата и гостопримството што ги носи градот. Со нетрпение очекуваме да им обезбедиме на навивачите уште подобро искуство“, рече Гудел.
Лас Вегас беше домаќин на Супербоулот во 2024 година, во кој Канзас Сити го победи Сан Франциско.
Супербоулот во 2027 година ќе биде домаќин во Инглвуд, а Супербоулот во 2028 година ќе се игра во Атланта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

