Леброн Џејмс: Треба да го одржиме овој дух и во плеј-офот

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс рече дека атмосферата во екипата е одлична, и дека истата треба да се пренесе и во натпреварите од плеј-офот.

Тој рече дека во екипата има хемија, и дека сите се среќни што се еден до друг, и уживаат да играат заедно на терен.

„Во моментов имаме одлична атмосфера. Нашата хемија е на високо ниво. Сите се среќни што се еден покрај друг. Уживаме да играме еден за друг и да бидеме заедно на теренот. Ова е тесно поврзан тим, и тој дух треба да го одржиме до крајот на сезоната. А, потоа тоа да го пренесеме и во плеј-офот“, изјави Леброн.

Лејкерси се трети во Западната конференција со резултат од 49-26 и имаат победи во 13 од последните 15 натпревари.

Се вчитува...