„За мене Лука Дончиќ е МВП и тука нема дискусија“

Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Џеј Џеј Редик изјави дека за него Лука Дончиќ е најкорисен играч во НБА.

Дончиќ отслужи суспензија од еден натпревар поради 16-та техничка грешка и не можеше да игра за Лејкерс во победата над Вашингтон.

Тој има просек од 33,7 поени оваа сезона и е најдобар стрелец во НБА, а од 28 февруари има неверојатни 36,5 поени по натпревар, а Лејкерс имаат 14 победи и само 2 порази во тој период.

„Ако продолжиме да играме вака, тој ќе мора да ја освои наградата. За мене, тој е MVP. Кога имавме резултат од 15-4 во сезоната, можевме да кажеме дека тој е највредниот играч во лигата. Ако ги погледнеме статистиките, ќе видиме дека Дончиќ е МВП во два од трите сегменти од сезоната“, објасни Редик.

Се вчитува...