Месина: Евролигашите се машини кои губат пари

Легендарниот Еторе Месина, спортскиот директор на Олимпија Милано, уште еднаш изрази верување дека проектите на Евролигата и НБА Европа треба да бидат обединети.

На прославата по повод 100 години од италијанската репрезентација, Месина зборуваше за потребата од промени во европската кошарка.

„Се надевам дека НБА, Евролигата и ФИБА ќе постигнат договор. Ова би донело единство и повеќе логика во календарот на натпреварите, а во исто време клубовите би престанале да бидат машини за губење пари“, рече Месина .

Тој откри и кој е проблемот на тимовите од Евролигата.

„Во Европа, се бориме бидејќи зависиме од важни личности како Џорџо Армани. Јасно е дека ова ја отежнува ситуацијата“, додаде Месина.

Патем, неговата изјава доаѓа веднаш откако беше објавено дека челниците на Евролигата, НБА и ФИБА ќе одржат состанок во наредните денови за да разговараат за потенцијално создавање заедничка лига, наместо модел што би вклучувал две континентални првенства.

Се вчитува...