Драма во Осијек: На селекторот на Турција му се слоши, мечот беше во прекин

Немили сцени се случиле вечерва во квалификацискиот натпревар помеѓу младите репрезентации на Хрватска и на Турција на мечот кој се играше во Осијек.

Откако во 32. минута на гостинскиот играч Тикназу му беше покажан втор жолт картон, турскиот селектор Егемен Коркмаз падна покрај теренот и постана да лежи. Трибините занемеа, а никому во прв момент не му беше јасно што се случува со селекторот, затоа што играчите го опкружија селекторот кој лежеше на теренот.

Неколку минути му се укажуваше помош, и бил пренесен во болница. Хрватските медиуми објавуваат дека му се вратила свеста, но има хематом на окото и надвор е од животна опасност.

Според сведоци, откако му бил доделен црвен картон, тој тргнал кон суидите да протестира, но притоа се лизнал и паднал на глава.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а после долга пауза делегатот одлучи да се продолжи и на полувремето Хрватска имаше предност.

ВНИМАНИЕ! ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО

Се вчитува...