Сега и официјално, Де Зерби го презеде менаџирањето со тимот на Тотенхем, и ќе има за задача да го спаси тимот од најлошото. Тимот од Лондон денеска го промовираше Италијанецот на клупата, кој доаѓа на местото на Игор Тудор.
Премиерлигашот не соопшти на колку време е договорот, туку дека е „долгорочен“.
„Воодушевен сум што се приклучувам на овој клуб, кој е еден од најголемите во светот. Во разговорите со раководството на клубот, нивната амбиција за иднината беше јасна – да изградат тим способен да постигне големи достигнувања и тоа го прават со што играат стил на фудбал кој ги инсписира навивачите. Јас сум тука затоа што верувам во таа амбиција. Наш краткорочен приоритет да се искачиме на табелата во Премиерлигата, што ќе биде наша цел до последниот меч во сезоната. Со нетрпение очекувам да работам со овие играчи и да го постигнеме тоа“, изјави Де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

